language: ENGLISH
ЗА НАШИОТ ТИМ 
ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ:
ИВЕЛИНА ИВАНОВА-ПРЕТСЕДАТЕЛ, НЕИЗВРШЕН ЧЛЕН
ОЛГА ЈОРДАНОВА-НЕЗАВИСЕН НЕИЗВРШЕН ЧЛЕН
ЈОРДАН ЦАНОВ-НЕИЗВРШЕН ЧЛЕН
МИА СТЕФАНОВСКА ЗОГРАФСКА- ИЗВРШЕН ЧЛЕН
БЛАГОЈ МИТРОВ-ИЗВРШЕН ЧЛЕН

МИА СТЕФАНОВСКА ЗОГРАФСКА- Главен Извршен директор на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ИНОВО СТАТУС АД Скопје.

Миа Стефановска Зографска, дипломира на Универзитетот Св.Кирил и Методија, - Правен факултет, дипломиран правник во Март 2000 година.

Својата кариера ја започна како волонтер во Адвокатската канцеларија. Од 2002 година започнува редовен работен однос како соработник во Дирекцијата за правни работи и членство во Македонска берза АД Скопје до Август 2007 година.

Има познавање од англиски, бугарски, руски, српски и хрватски јазик.

Се има здобиено со:

  • Уверение за положен стручен испит за вршење на работи со хартии од вредност во Р.Македонија-издаден од Комисија за хартии од вредност во 2004 година
  • Уверение за положен правосуден испит издаден од Министерството за правда во 2005 година
  • Решение за давање дозвола за работење на брокер во 2006 година.
  • Уверение за положен стручен испит инвестициски советник издаден од Комисија за хартии од вредност во 2011 година
Во текот на своето работно искуство посетувала голем број на обуки каде што го усовршувала своето знаење од областа на своето работење.
 
БЛАГОЈ МИТРОВ - Извршен директор на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ИНОВО СТАТУС АД Скопје.
Благој Митров, дипломирал на Универзитетот Св.Кирил и Методиј, Македoнија - Електротехнички факултет, дипломиран електротехнички инженер во јули 1984 година. Постдипломски студии и звања: MBT ( Магистер за бизнис тренинг), Iltis, Германија; GCBA (Постипломски студии Бизнис Администрација), Swbourne University, Австралија; CEFE (Тренер за предприемачи), Deuche Ausglihe Bank, Германија.Работно искуство од 23 години во бизнис секторот, претежно на раководни места. Има работно искуство во образование и невладин сектор. Од 01.07.2008 година работи во финансиски сектор – Друштво за управување со инвестициски фондови Иново Статус АД Скопје. Именуван е за Извршен директор на Друштвото за управување од 2008 година.

Има познавање на англиски, руски, германски, српски и хрватски јазик.Се има здобиено со:

  • Уверение за положен стручен испит за вршење на работи со хартии од вредност во Р.Македонија-издаден од Комисија за хартии од вредност во 2006 година
  • Уверение за положен стручен испит инвестициски советник издаден од Комисија за хартии од вредност во 2007 година
  • Решение за давање дозвола за работење на брокер во 2008 година
  • Решение за давање дозвола за работење на инвестициски советник во 2008 година

Во текот на своето работно искуство посетувал голем број на обуки каде што го усовршувал своето знаење и умеење од областа на своето работење.

ИВЕЛИНА ИВАНОВА- Претседател на Одбор на директори на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ИНОВО СТАТУС АД Скопје. Ивелина Ивајлова Иванова  е неизвршен член, Претседател  на Одборот на директори на Друштвото за управување, државјанин на Р.Бугарија. Ивелина Иванова е  дипломиран економист,  на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Софија,  Економски факултет. Исто така, е Магистар со специјалност сметководство  на УНСС, Софија. Своето работно искуство го започнува во 2007 година во Асоцијација на специјализирани сметководствени бироа, како Административен соработник. Таму работи заклучно со 2012 година. Од 2012 година до 2018 година работи во Актива Асет Менаџмент АД Софија  како раководител на оддел за усогласеност со регулатива. Денес работи во Актива Асет Менаџмент како Директор на сметководство. Има познавање од англиски и руски јазик. За иневстициски советник има Уверение издаден од Комисија за хартии од вредност на Р. Бугарија во 2018 година. Во текот на своето работно искуство посетувал голем број на обуки каде што го усовршувала своето знаење во областа на своето работење.

ОЛГА ЈОРДАНОВА, неизвршен и независен член на Одбор на директори на Друштвото за управување, државјанин на Република Бугарија. дипломиран физичар,  на Универзитетот Св.Климент Охридски во Софија. Исто така, е Магистар по физика на Универзитетот Св.Климент Охридски во Софија. Своето работно искуство го започнува во 1995 година како помошник на Извршниот директор во Инвестициски фонд Нова Бугарија. Потоа работи како брокер во Хеџер ДОО Софија, потоа во Дарик Асет Инвестмент ДОО Софија,  и Златен лев Брокери, и како  инвестициски советник. Од 2008-2012 година работи како фонд менаџер во Ултима Капитал менаџмент АД Софија. Многу кратко време од 6 месеци во 2012 година работи како инвестициски консултант во Сентинел Асет Менаџмент АД Софија. Во Евофинанс работи како брокер и портфолио менаџер. Од Август 2012 година е Извршен директор,  инвестициски советник на Друштвото за управување за управување со инвестициски фондови Актива Асет Менаџмент АД Софија. Се има здобиено со Уверение за положен стручен испит за вршење на работи со хартии од вредност во Р.Бугарија-издаден од Комисија за хартии од вредност на Р. Бугарија во 1998 година. За иневстициски советник има Уверение издаден од Комисија за хартии од вредност на Р. Бугарија во 2006 година. Во текот на своето работно искуство посетувала голем број на обуки каде што го усовршувал своето знаење во областа на своето работење.

ЈОРДАН ЦАНОВ,  неизвршен член на Одбор на директори  на  Друштвото за управување, државјанин на Република Бугарија. Јордан Цанов е со високо образование, магистар по историја на Универзитетот во Софија Климент Охридски,  магистар по право на Југозападен Универзитет во Софија Неофит Рилски, магистер по маркетинг и реклама на Нов Бугарски Универзитет во Софија. Има познавање на англиски јазик. 

РЕВИЗОР
За овластен ревизор за ревизија на годишната сметка и на финансиските извештаи на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ИНОВО СТАТУС АД Скопје, во 2022 година, како и за ревизија на годишната сметка и на финансиските извештаи на Отворени инвестициски фонд ИНОВО СТАТУС АКЦИИ со кој  управува Друштвото за управување со инвестициски фондови ИНОВО СТАТУС АД Скопје, се назначува МУР Стивенс ДОО Скопје со адреса на ул. Св. Кирил и Методиј бр.20 во Скопје.

Внатрешен ревизор

Друштвото има назначено еден овластен внатрешен ревизор Ленин Прцуловски со завршено високо образование Економски факултет и со лиценца за овластен  внатрешен ревизор на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ИНОВО СТАТУС АД Скопје.

ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ -Миа Стефановска Зографска, со маил адреса info@innovostatus.com.mk
ОВЛАСТЕНО ЛИЦЕ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ НА УПРАВАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ ТЕРОЗИРЗАМ- Биљана Стаменкова Калејска
со маил адреса info@innovostatus.com.mk
Одговорно лице за  жалби и поплаки -Миа Стефановска Зографска со маил адреса info@innovostatus.com.mk

ОВАА ВЕБ СТРАНИЦА КОРИСТИ ВЕБ КОЛАЧИЊА "Cookies"

Користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата веб-страница. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство при користењето на нашата веб-страница.

Прифаќам