language: ENGLISH
РИЗИЦИ НА ВЛОЖУВАЊЕ 
Основната долгорочна цел на Друштвото за управување претставува професионално вложување на прибраните парични средства, дозволени и дефинирани со Законот и обезбедување ликвидност на Фондот, со што би се овозможил постојан и непречен откуп на уделите во Фондот, а притоа и остварување на што поголема профитабилност при вложувањето во согласност со превземените ризици.

Остварувањето на профитабилноста е условена од постоење на определени видови на ризици како што се следните:

Пазарен ризик: Цените на хартиите од вредност кои го сочинуваат имотот на Фондот можат да варираат во значителен обем поради појава на различни фактори на пазарот на хартии од вредност како што се: ревидирани извештаи, објавување на распределба на добивка од страна на друштвата, промени на дејности во некои индустрии и др. Тоа би имало влијание на инвестиционата политика на Друштвото, со што би довело до незадоволителен пораст или пад на вредноста на уделите.

Друштвото може да го намали ризикот, но не и и во потполност да го елиминира, со тоа што ќе управува со пазарниот ризик вложувајќи го имотот на Фондот во голем број на финансиски инструменти, со што преку диверзификација на портфолиото на Фондот ќе настојува да ја намали неговата вкупна ризичност. Друштвото ќе настојува да вложува во портфолиото на Фондот во акции од различни друштва од различни сектори на економијата и стопанството, како и во ограничувањето на максимална инвестиција во акции на едно друштво.

Каматен ризик: Овој ризик може да се одрази негативно на вредноста на активите на имотот на Фондот, особено на оној имот кој е составен од должнички хартии од вредност. Имено, зголемувањето на каматните стапки доведува до намалување на пазарната цена на долгорочните хартии од вредност. Друштвото ќе настојува да ги вложува своите средства во должнички хартии од вредност со различен рок на достасување и со користење на деривативни финансиски инструменти.

Кредитен ризик: Овој ризик претставува веројатност друштвото-издавач на хартии од вредност во кој е вклучен имотот на Фондот, да не е во можност да ги исполни своите обврски, односно да не е во можност да ја подмири главницата и каматите во рокот на доспевањето, со што би довело до негативно влијание на ликвидноста и вредноста на имотот на Фондот. Друштвото ќе настојува да ги вложува средствата од имотот на Фондот во хартии од вредност, односно ќе го редуцира кредитниот ризик при своето инвестирање во хартии од вредност, со посредство на кредитни анализи, диверзификација на инвестициите и пратење на случувањата и тенденциите во економските и политичките услови.

Ликвиден ризик: Овој ризик постои со оглед на тоа што Фондот ќе вложува на пазари на капитал во развој кои имаат помала историја на функционирање на берзите и каде постои поголем ризик во однос на развиените пазари на капитал, што може да доведе до промена на вредноста на имотот на фондот.

Валутен ризик: Поради флуктуација на девизните курсеви во однос на македонскиот денар, може да се појави валутен ризик кој претставува промена на вредноста на финансиските инструменти во кои Друштвото инвестира средства на Фондот, а кои не се изразени во домашна валута. Во тој случај Друштвото ќе вложува во финансиски инструменти изразени во различни странски валути.

Инфлациски ризик: Поради појава на инфлација може да настане ситуација кога ќе се компензира значителен дел или целата добивка на сопствениците за удели во Фондот, заради што нема да добијат реална добивка или таа ќе биде незначителна. Друштвото ќе настојува да го одржува балансот помеѓу неговите активи со фиксирана или променлива доходовност, согласно инвестициската политика и цели на Фондот.

Политички ризик: Овој ризик е поврзан со можноста од евентуални внатрешно политички кризи на пазарите на земјите во кои ќе инвестира Друштвото и промени во стопанското законодавство. Овој ризик е поврзан со водењето на политиката на една држава во негативна насока, која може да има негативно влијание на компаниите и инвеститорите да претрпат загуби. Друштвото ќе се стреми да ги вложува средствата на Фондот во земји на кои може да се очекува минимално влијание на политичките кризи на пазарот на хартии од вредност.

Ризик од промена на даночната регулатива: Зголемените даночни стапки може да се одразат негативно врз финансиските резултати на Друштвото. Ова ќе резултира со намалување на профитабилноста на вложувањата на Фондот. Промената на даночната регулатива е надвор од доменот на влијание на Друштвото.

Други ризици: Други ризици кои можат да влијаат врз инвестирањето на средствата на Фондот се: можноста од нестабилност или воени дејствија во регионот и пошироко. Не можат да се предвидат некои идни прогнозирања во услови на екстремни ситуации, но може да се најдат начини за минимизирање на негативните ефекти.

Заклучок на ова би било дека ризикот од вложување на пазарот на хартии од вредност, претставува можност или веројатност дека приносите од вложувањето можат да бидат незадоволителни или негативни. Инвестициите во средствата на Фондот не се гарантирани како банкарските депозити од страна на Агенцијата за осигурување на штедни влогови.
ОВАА ВЕБ СТРАНИЦА КОРИСТИ ВЕБ КОЛАЧИЊА "Cookies"

Користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата веб-страница. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство при користењето на нашата веб-страница.

Прифаќам