language: ENGLISH
ВЕСТИ
31.10.2007
Соопштение КХВ за одобрение за основање на Иново Статус Акции

Соопштение на Комисијата за хартии од вредност

Иново Статус Акции, Илирика Југоисточна Европа и Илирика Глобал Растечки Пазари се првите три инвестициски фондови кои добија одобрение за основање од Комисијата за хартии од вредност. Овие фондови се од отворен тип и во нив можат да инвестираат сите граѓани и компании. Тие претставуваат нови чинители на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија.

Основач на Иново Статус Акции е Друштвото за управување со фондови Иново Статус АД Скопје.Илирика Југоисточна Европа и Илирика Глобал Растечки Пазари ги основа Друштвото за управување со фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје.

Отворените инвестициски фондови ќе прибираат парични средства преку јавен повик за продажба на документи за удел во фондовите и истите ќе ги вложуваат во согласност со Законот за инвестициски фондови, Статутот и Проспектот на фондот. Тоа значи дека секој инвеститор преку уплата на пари, ќе добие удел, врз основа на кој како сопственик ќе има право на сразмерен дел од добивката на фондот и во секое време ќе може да побара исплата на уделот и да истапи од фондот.
Согласно податоците на Проспектите на фондовите, средствата ќе се инвестираат во:
  1. Иново Статус Акции- во хартии од вредност на издавачи чие седиште е на територијата на Македонија, Хрватска, БиХ, Словенија Србија и на Црна Гора.
  2. Илирика Југоисточна Европа - во хартии од вредност на компании и банки кои работат на територијата на земјите од Југоисточна Европа;
  3. Илирика Глобал Растечки Пазари - на глобалните и пазарите во подем, како и на Балканот;
Од сето ова произлегува дека на мапата за инвестирање на трите фондови е Република Македонија. Со појавата на инвестициските фондови на нашиот пазар на хартии од вредност им се овозможува пред се на малите инвеститори да вложуваат во хартии од вредност, а при тоа да бидат заштитени од поголемите индивидуални ризици, присутни при секое инвестирање.
Започнувањето со работа на овие фондови се очекува да доведе и до зголемување на конкурентноста помеѓу постојните банкарско-финансиски институции во
земјава.
извор:ЦДХВ на РМ
ОВАА ВЕБ СТРАНИЦА КОРИСТИ ВЕБ КОЛАЧИЊА "Cookies"

Користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата веб-страница. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство при користењето на нашата веб-страница.

Прифаќам